Дома Трансфер зона Изнененадување од Шпанија: Барселона и Реал имаат иста мета?

Изнененадување од Шпанија: Барселона и Реал имаат иста мета?

Oд различни извори од Шпанија пристигнуваат информации дека Барселона и Реал Мадрид ја разгледуваат опцијата за доведување на Пјер-Емерик Обамејанг во своите редови.

Прво потребно е да се нагласи дека договорот на Габонецот со Арсенал важи до 2021 година и наводно тој неколку пати одбил да го продолжи истиот.

Шпански „Ел Десмарк“ тврди дека „топџиите“ му порачале на Обамејанг дека се спремни да ги земат во предвид сите понуди кои ќе пристигнат доколку тој сака да замине.

„Ел Десмарк“ пишува дека Реал Мадрид може да понуди до 70 милиони евра. Од друга страна во текот на емисијата „Ел Чирингуито’ беше објавено дека и Барселона го сака поранешниот напаѓач на Борусија Дортмунд.

Наводно во Барса во Обамејанг гледаат како потенцијална замена за Луис Суарез кој во јануари ќе го прослави својот 33-ти роденден.

Обамејанг во Арсенал пристигна во јануари 2018 година за сума од 65 милиони евра. Од тогаш настапи на 78 натпревари и постигна 50 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

И Милан му дал „корпа“ на Роналдо

Кристијано Роналдо ова лето се поврзуваше со голем број клубови, но на крајот остана во Ма…