
Роберт Левандовски ја продолжи својата кариера во Соединетите Американски Држави носејќи го дресот на Чикаго Фајр, откако минатиот месец му заврши договорот со Барселона. Каталонскиот клуб не му понуди продолжување на соработката, иако полскиот напаѓач сакаше да остане барем уште една година.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Неговиот агент Пини Захави тврди дека Левандовски поради својата верност кон Барселона пропуштил заработка од 200 милиони евра.
„Во јануари оваа година, Роберт имаше понуда за двегодишен договор вреден 100 милиони евра по сезона. Ја одби, бидејќи сакаше да остане во Барселона. Понудата важеше само во зимскиот преоден рок, а не и на лето“, изјави агентот на полскиот напаѓач и дополни:
„Роберт сакаше да игра во Саудиска Арабија, најмногу поради квалитетот на животот. Разликата во времето меѓу Ријад и Варшава е мала, а летот до Полска е покус отколку од САД. Бевме свесни дека таму го чекаат големи средства, но трансферот не се реализираше бидејќи чекаше на Барселона. Му укажав дека на лето нема да ја има истата понуда, но тој одлучи да почека.“
Според зборовите на неговиот агент, претседателот на клубот Жоан Лапорта сакал да го задржи Полјакот, но конечната одлука ја донеле спортскиот директор и тренерот.
„Претседателот Жоан Лапорта искрено го цени и сакаше Роберт да остане уште една сезона. Но, Лапорта не се меша во работата на тренерот. Тимот го составуваат Деко и Ханси Флик, а тие не можеа да му гарантираат место во стартната постава. Тоа му беше поважно од парите. Деко и Флик едноставно имаа различна визија за иднината на клубот, во која немаше место за Роберт.“