Дома Фудбал Италија Изненадување: Јувентус експресно го избра новиот тренер!

Изненадување: Јувентус експресно го избра новиот тренер!

На Јувентус не му требаше долго време да го именува наследникот на Маурицио Сари.

Сари од денес попладне и официјално не е тренер на Јувентус откако доби отказ по елиминацијата од Лион во Лигата на шампионите, а раководството на „старата дама“ тргна во потрага по негов наследник.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Она што го најавуваа новинарите од попладнево вечерва го потврди Јувентус – Андреа Пирло е именуван за прв тренер.

Пирло неодамна беше именуван за прв тренер на У23 тимот, меѓутоа сега експресно е прекомандуван во првиот тим.

За поранешниот играч за врска кој во Јувентус настапуваше од 2011 до 2015 година ова ќе биде прв тренерски ангажман во кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Познати сите парови за плеј-офот во НБА

Кошаркарите на Мајами Хит се пласираа во плеј-офот на НБА, откако во плеј-инот го совладаа…