Един Џеко летово би можел да го напушти Интер после само една сезона помината на „Џузепе Меаца“.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Интер е во напредни преговори со Ромелу Лукаку и Пауло Дибала, и ако двајцата пристигнат на „Џузепе Меаца“, тоа значи дека повеќе нема да има место за Един Џеко.




Италијанските медиуми пишуваат дека Босанецот може да направи изненадувачки трансфер во Јувентус.




Интер е спремен да го раскине договорот со Џеко за да се ослободи од неговата плата, а напаѓачот ќе биде слободен да потпише со друг клуб.




Алегри е во потрага по искусен напаѓач кој ќе биде алтернатива за Влаховиќ, а Џеко е прв избор.