Дома Фото Играше со погрешен дрес и ,,растураше” – Ибра!

Играше со погрешен дрес и ,,растураше” – Ибра!

0

Фудбалерите на ЛА Галакси синоќа на свој терен со 2:0 ја совладаа екипата на Торонто. Стрелец на двата гола беше одличниот Златан Ибрахимовиќ.

На тој начин Ибра стигна до бројката од 13 голови во оваа сезона, додека неговиот Галакси после овој триумф на своето конто има 34 бода и се наоѓа на второто место во западната конференција, зад градскиот ривал Лос Анџелес.

Иако синоќа и Торонто имаша свои шанси, не успеа да ги искористи, па Златан во второто полувреме го реши натпреварот.

ЛА Галакси до водство дојде во 76. минута кога Ибра одлично стрелаше со глава после центаршутот на Алварес, а Швеѓанецот во самиот финиш ги постави и конечните 2:0.

Инаку, Златан Ибрахимовиќ против Торонто играше со грешен дрес. Имено, неговото презиме беше погрешно напишано (Ирбахимовиќ), но тоа не му донесе несреќа на искусниот голгетер.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фото

Проверете

Легендата тврди: Јунајтед треба да потроши една милијарда на засилувања!

Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Гери Невил смета дека раководството на клубот т…