Дома Фудбал Англија ФОТО: Клоп виде што му покажува тренерот на Њукасл, а потоа следуваше брутална одмазда на крајот од натпреварот

ФОТО: Клоп виде што му покажува тренерот на Њукасл, а потоа следуваше брутална одмазда на крајот од натпреварот

Ливерпул со пресврт успеа да слави на гостувањето кај Њукасл со 2:1 во дербито од третото коло на Премиер лигата.

Но, моментот кој го одбележа овој натпревар се случи по последниот судиски свиреж, а во центарот на вниманието беше Јирген Клоп.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул по половина час игра губеше со 1:0 и имаа играч помалку, но успеаја да го шокираат Њукасл и да победат на Ст. Џејмс Парк.

Њукасл одлично го започна натпреварот и поведе со 1:0 во 25. минута кога Гордон ја искористи огромната грешка на Александар-Арнолд и го совлада Алисон за водство на домашните.

Само три минути подоцна нов шок за Црвените. Ван Дијк го фаулираше Исак, а судијата му покажа директен црвен картон бидејќи тој беше последниот играч во одбраната во тој момент.

И кога се очекуваше Њукасл да го приведе натпреварот до крај и да дојде до три бода, молк на Ст. Џејмс Парк бидејќи Ливерпул успеа да го сврти резултатот на 2:1.

Херој на Ливерпул беше резервистот Дарвин Нуњез, кој најпрвин израмни на 1:1 во 81. минута, а потоа донесе голем пресврт за гостите кога во 93. минута погоди за конечни 2:1 и големи три бода за Црвените.

Но, моментот кој го одбележа натпреварот се случи по последниот судиски свиреж, а во центарот на вниманието беше Јирген Клоп, кој одговори на провокациите од клупата на Њукасл.

Имено, кога се пожали на една од судиските одлуки, помошниот тренер на Њукасл, Џејсон Тиндал, му покажа на Клоп да молчи и да се смири, но немаше поим каква одмазда ќе му приреди германскиот стручњак на крајот од натпреварот.

Кога Ливерпул го доби натпреварот, Клоп се сврте кон клупата на Њукасл и одговори на ист начин, но со насмевка на лицето, а потоа отиде да им честита на играчите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Анчелоти потврди: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓу…