Дома Фудбал Италија Играчите на Рома се фатија за гуша, а Мурињо тврди: Убаво е да се видат емоции

Играчите на Рома се фатија за гуша, а Мурињо тврди: Убаво е да се видат емоции

Рома синоќа запиша победа од 2:0 во првиот осминафинален дуел од Лига Европа против Реал Сосиедад.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Меѓутоа, во еден момент имаше искри на теренот, па Немања Матиќ и Брајан Кристанте влегоа во конфликт.

Тие дури тргнаа и физички да се пресметаат, но најприсебен беше Вајналдум кој ги раздели и потоа страстите се смирија.

„Има само еден лидер во Рома, сите играчи се исти, важно е сите на теренот да внесат животно и играчко искуство, тоа ни е потребно. Немаме проблем во Рома, ние сме демократија со еден лидер. Убаво е да се видат емоциите на теренот, фудбалери кои не комуницираат, кои не разменуваат емоции или забелешки, не можат да помогнат“, изјави Мурињо алудирајќи дека тој е единствен лидер на тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Преговорите помеѓу Ман Сити и Родри се прекинати

Манчестер Сити му понудија нов договор на Родри пред повеќе од два месеца, но двете страни…