Дома Фудбал Роналдо 978. гол во кариерата му го “украде” на соиграчот. Погледнете ја неговата реакција

Роналдо 978. гол во кариерата му го “украде” на соиграчот. Погледнете ја неговата реакција

КРИСТИЈАНО Роналдо го постигна својот 978. гол во кариерата и донесе победа на Ал Наср против Ал-Таавун.

Неговиот гол во 50. минута обезбеди пресврт за конечни 2:1, а дојде во натпреварот откако во претходната беше заменет уште на полувремето. Ал Наср беше во резултатски заостаток од 11. минута, но Саму Коста изедначи во судиското надополнување на првото полувреме.

Победничкиот гол беше постигнат по ситуацијата во 50. минута. Соиграчот на Роналдо, Мохамед Симака, упати удар и топката одеше неодбранливо кон мрежата. Сепак, на самата гол-линија топката ја допре Португалецот и голот беше официјално прeпишан нему. Според реакцијата, Симака не беше задоволен што Роналдо не му го остави голот.

Во неверување се фати за глава кога виде дека му го “украде” голот. Потоа, додека останатите играчи на Ал Наср го славеа голот со Роналдо, Симака се сврте и отиде на друга страна. Ситуацијата можете да ја погледнете ОВДЕ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ во драматичен финиш извлече реми – Лил со жестоки критики кон судиите

ПСЖ доминира во француската лига веќе неколку години, а последните две сезони се истакнува…