
Енцо Фернандез постигнал вербален договор за личните услови со Манчестер Сити, но трансферот сè уште не е завршен.
Според последните информации кои ги објави Романо, аргентинскиот репрезентативец ги договорил условите со англискиот шампион, а сега останува двата клуба да постигнат договор за обештетувањето.
Челси засега инсистира дека Фернандез може да го напушти клубот само доколку пристигне понуда која ќе ги задоволи нивните финансиски барања. Дополнително, лондонскиот клуб сака да има доволно простор и средства за да го засили составот пред да се согласи на продажба.
Манчестер Сити, од друга страна, сè уште нема испратено официјална понуда, но клубот планира да се обиде да го реализира трансферот до самиот крај на преодниот рок.
Се очекува во наредниот период Челси и Манчестер Сити да стапат во директен контакт и да разговараат за можниот трансфер. Конечната одлука ќе зависи пред сè од финансиските услови и од тоа дали Челси ќе добие доволно време и средства за соодветно да го надополни тимот.
Доколку двата клуба постигнат договор, Фернандез би можел да стане едно од најзвучните засилувања на Манчестер Сити во овој преоден рок.