Дома Фудбал Италија Ибра испрати порака до Лукаку: Само нека дојде…

Ибра испрати порака до Лукаку: Само нека дојде…

Златан Ибрахимовиќ рече дека “нема проблеми“ со напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, иако двајцата неодамна имаа вербален дуел во натпреварот од Купот на Италија.

Ибрахимовиќ зборуваше за својот настап на музичкиот фестива во Санремо и одговори што ќе се случи ако организаторот на фестивалот, инаку навивач на Интер, на сцена го повика Лукаку.

„Ако Ромелу Лукаку сака да дојде, тогаш е добредојден. Немам никвакви проблеми со него.“ – рече Ибрахимовиќ.

Златан на Фестивалот ќе настапи во дует со тренерот на Болоња Синиша Михајловиќ со песната “Io vagabondo”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Тихомир Костадинов асистент во важната победа на Ружомберок 🎥

Репрезентативецот на Македонија Тихомир Костадионов денес беше асистент во победата на Руж…