Дома Фудбал Имаме нов светски рекорд во полумаратон!

Имаме нов светски рекорд во полумаратон!

Етиопјанецот Јомиф Кејелча успеа да го собори светскиот рекорд во полумаратон за цели 29 секунди!

Кејелча во неделата триумфираше на уличната трка на Светската атлетика во Буенос Аирес, завршувајќи за 56 минути и 51 секунда, што претставува нов светски рекорд.

Претходно, рекордот во полумаратон го држеше Јакоб Киплимо од Уганда (57:20), а Кејелча неговото време го подобри за неверојатни 29 секунди.

Интересно е што Киплимо постави светски рекорд во Лисабон оваа година, кога го надмина поранешниот рекорд на Кејелча за десет секунди.

Впрочем, Кејелча е светски вицешампион на трката на 10.000 метри и држи рекорд и на улична трка на истата дистанца.

Исто така, тој е еден од ретките тркачи кои, во дозволени услови за поставување рекорди, успеаја да завршат маратон за помалку од два часа – беше втор на Лондонскиот маратон годинава со време од 1:59.41. Победникот во Лондон беше Кениецот Себастијан Севе, завршувајќи со 1:59.30.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пристигнаа детали за повредата на Гави!

Барселона конечно може да здивне. По медицинските прегледи на Гави кои беа извршени денес,…