
Хулијан Алварез помина низ вистинска тортура од навивачите на Атлетико Мадрид. Добиваше салви свирежи и навреди само затоа што сака трансфер во Барселона, а клубот самиот одлучи да го уништи бидејќи побара да оди во омразениот ривал. Сè заврши со солзи во соблекувалната.
Алварез беше понижен. Аргентинецот беше изложен на огромни навреди од навивачите на неговиот клуб – Атлетико Мадрид, а причината е фактот дека побара трансфер во Барселона.
Феноменалниот аргентински напаѓач беше дочекан како предавник. Публиката му испраќаше жестоки навреди, за да клубот потоа одлучи да го понижи дополнително.
Директорот Гил Мартин нареди на Алварез да му се забрани поздравување кон навивачите. Додека по натпреварот со Виљареал сите отидоа кон публиката, Џулијан осамен се упати кон соблекувалната.