Дома Останати Ракомет Вардар го промовираше новиот гостински дрес инспириран од 65. роденден! (Фото)

Вардар го промовираше новиот гостински дрес инспириран од 65. роденден! (Фото)

Ракометниот клуб Вардар денеска го претстави новиот гостински дрес за сезоната која следува.

Новата опрема носи посебна симболика, бидејќи дизајнот е инспириран од 65-годишнината од основањето на клубот, со доминантни златни детали.

На дресот се наоѓа и логото на Лигата на шампионите, натпреварување во кое „црвено-црните“ повторно ќе настапуваат. Вардар е двократен европски шампион, а по неколкугодишна пауза повторно ќе има можност да се натпреварува меѓу европскиот ракометен крем.

Од клубот најавуваат дека дресот наскоро ќе биде достапен и за навивачите, односно ќе може да се купи во продажба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вардар ги пушти во продажба билетите за враќањето во Лигата на шампионите!

Вардар по четири години повторно ќе ги пречека најдобрите европски екипи пред своите навив…