Дома Фудбал Топката со која Марадона ја испиша историјата продадена за рекордна сума

Топката со која Марадона ја испиша историјата продадена за рекордна сума

Фудбалската топка со која Диего Марадона го постигна прочуениот гол “Божја рака” на Светското првенство во 1986 година беше продадена на аукција за речиси три милиони евра.

Марадона го постигна славниот погодок кога со рака ја префрли топката преку англискиот голман Питер Шилтон, води Аргентина до победа над Англија со 2:1 во четвртфиналето, јавува BBC.

По натпреварот, на новинарите им изјави дека голот бил постигнат “малку со главата на Марадона, а малку со Божја рака”. Во истата игра, подоцна Марадона постигнува уште еден гол кој ќе се запамети како “голот на векот”, минувајќи пет играчи на Англија.

Иако на саботната аукција одржана во куќата Heritage Auctions во Соединетите Американски Држави, топката беше продадена за 3,3 милиони долари (2,5 милиони фунти), посакуваше се дека ќе достигне цена поблиска до 10 милиони долари (7,3 милиони фунти).

Во изјава за Reuters пред аукцијата, Мајк Провензал, искусен аукционер во куќата Heritage, изјави: “Станува збор за навистина уникатна ставка. Веројатно најзначајниот фудбалски експонат што постои”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Имаме нов светски рекорд во полумаратон!

Етиопјанецот Јомиф Кејелча успеа да го собори светскиот рекорд во полумаратон за цели 29 с…