Дома Фудбал Ѓоковиќ и Сабаленка го дознаа патот во миксот на УС Опен

Ѓоковиќ и Сабаленка го дознаа патот во миксот на УС Опен

Новак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка се поставени како први носители на конкуренцијата во миксот на УС Опен. Првите противници ќе им бидат Лејла Фернандез и Франсис Тијафо.

Натпреварувањето почнува утре кога се на програмата првите две кола. Ден потоа се одржуваат полуфиналето и финалето.

Ако најдобриот српски тенисер и најдобрата тенисерка во светот ги победат првите противници, во четвртфиналето ќе играат со победниците од дуелот Свитолина, Монфис – Ијала, Ож-Алијасиме.

Потенцијалниот дуел во полуфиналето би можел да биде против Серена Вилијамс и Карлос Алкараз.

Како втори носители се поставени Тејлор Фриц и Џесика Пегула.

Србија има уште еден потенцијален учесник во миксот. Во квалификациите играат Александра Круниќ и Хрватот Мате Павиќ.

Миксот се игра за награда од 1.000.000 долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чеферин жестоко го нападна Инфантино: Овој план е полош дури и од Суперлигата

Односите помеѓу претседателот на УЕФА Александер Чеферин и првиот човек на ФИФА Џани Инфан…