Македонскиот судиаја Драган Начевски ќе мора да ја издржи двегодишната суспензија откако неговата жалба беше отфрлена од страна на Европската ракометна федерација (ЕХФ).
Македонецот беше разрешен од функциите во Европската ракометна федерација, откако данската ТВ„ објави снимка на која се гледа како измислен кинески бизнисмен му нуди мито на Начевски.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Но, и покрај тоа што Начевски категорично го одбил митото од Кинезите, е прогласен за виновен затоа што не го пријавил случајот на ЕХФ.
Покрај суспензијата од две години, тој ќе треба да плати и 5.000 евра како казна за прекршување на регулативите на ЕХФ и Кодот на однесување на европската куќа на ракометот.