Дома Останати Тенис Емотивна порака до Ѓоковиќ од млада тенисерка од Нови Пазар: Ти си светлост наша, вечно ќе ти бидеме благодарни!

Емотивна порака до Ѓоковиќ од млада тенисерка од Нови Пазар: Ти си светлост наша, вечно ќе ти бидеме благодарни!

Првиот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ донираше 50.000 евра за да помогне во борбата со коронавирусот во Нови Пазар, а со тоа Ноле допре до младата српска тенисерка Фатма Идризовиќ.

Фатма е 15 годишна тенисерка од Нови Пазар, место кое овие денови е ново жариште во Србија на коронавирус.

„Ти благодарам светлост наша, наш Новаку„ Црните облаци надвиснуваат над нашите животи и малкумина имаат големи срца. Ова е тажен момент за сите нас од Нови Пазар, тежок и црн. И кога потонавме, кога сите надежи дека ова зло ќе запре се намалија, херојот од нашите срца уште еднаш ни го даде тој еликсир на животот, ни ја врати вербата во подобро утре, ни даде нови крилија да се бориме. Ти благодарам, Новаче, големо и вечно благодарам за твојата добрина. Вечно ќе бидеш во нашите срце, молитви…Со векови ќе ги величиме твоите дела, ти тоа го заслужуваш, ти си светлост наша“, пишува Фатма.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Тенискиот свет шокиран од изгледот на Раониќ 📸

Паузата предизвикана од коронавирусот и тоа како влијаеше на најдобрите светски тенисери. …