Един Џеко влезе во расправија со тренерот Фонсека и беше исфрлен од тимот за вчерашниот дуел со Специја.
Фонсека се налутил на Џеко поради неговите коментари во текот на куп натпреварот со Специја. Тогаш му се заканил со одземање на капитенската лента, пишува „Газета дело Спорт“.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
„Кориере дела Сера“ наведува дека Џеко го обвинил тренерот дека често го вперува прстот кон поединци и така прави лоша припрема за натпреварите.
Џеко сега ризикува да биде исфрлен од тимот на подолг период, а раководството на „волчицата“ веќе имало контакт со неговиот агент и му порачале дека можи да си бара нов клуб.