Eден од најпознатите англиски судии Андре Маринер и официјално објави дека се повлекува од професионалното судење.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Маринер става крај на кариерата на 52-годишна возраст, а последен натпревар кој го судеше беше натпреварот од последното коло во Премиер лигата во кој Арсенал го победи Вулверхемптон со 5:0.
„Ќе ми недостасуваат сите моменти на теренот, имам многу спомени на кои ќе се сеќавам со задоволство. Ја сакав скоро секоја минута помината на стадионите“, изјави Маринер по пензионирањето.
Во 23 години како судија тој делеше правда на 391 натпревар, а негов прв натпревар во најсилната англиска конкуренција беше во 2004 година помеѓу Чарлтон Атлетик и Норвич Сити.