Кошаркарите на Анадолу Ефес остварија победа во првото полуфинале на Ф3 во Евролигата откако го совладаа Олимпијакос со 77:74 со тројка во послендата секунда на Василије Мициќ.




Натпреварот беше неизвесен од почетокот до крајот, а вистинска драма гледавме во последните моменти од натпреварот. Слукас од линијата на слободни фрлања намали на 74:72, а на другата страна Моерман промаши отворена тројка и започна вистинска драма во последните 30 секунди.




Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
После нападот покрај аутот, Хасан Мартин одлично се снајде и од под кошот погодува на 20 секунди пред крајот со што изедначува на 74. Во последниот напад на Ефес одговорноста ја презема Василије Мициќ кој во соло акција погодува тројка за три поени и финале.
Vasilije Micic takes @AnadoluEfesSK TO THE FINAL!!!#F4GLORY I #7DAYSMagicMoment pic.twitter.com/L96JNFocgV
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) May 19, 2022




ТРОЈКАТА СНИМЕНА ОД ПУБЛИКАТА



