
Тренерот на Бразил, Карло Анчелоти, во разговор за ЕСПН повторно ја истакна причината за поразот на неговата репрезентација против Норвешка, посочувајќи ја паузата за освежување како клучна.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Една од најспорните теми на неодамна завршениот Мундијал беше токму оваа пауза за освежување.
Многумина ја дискутираа, а таа послужи и како извесно оправдување за раната елиминација на тимот на Бразил под водство на Карло Анчелоти.
“Сметам дека поразот од Норвешка е резултат на паузата за освежување. До тој момент нашиот тим имаше контрола. Норвешка имаше голем посед на својата половина, но и против Англија го имаа тоа, па не победија,” изјави Анчелоти.
Сепак, тој стои на ставот дека презема одговорност за случувањата на теренот.
“Можеби тука направив грешка. Мислев дека ја изгубивме контролата, а всушност таа веќе беше изгубена. Направив неколку промени, а проблемот исто така беше и голот на Халанд”.
Бразил испадна во осмина-финалето и за првпат од 1966 година не се најде меѓу првите осум репрезентации.