Дома Фудбал Шок за Њукасл: Изненадувачки остана без тренер!

Шок за Њукасл: Изненадувачки остана без тренер!

Еди Хау повеќе нема да биде на чело на Њукасл.

По пет успешни години, британскиот стратег одлучи да го напушти кормилото на премиерлигашот иако првично имаше договор за продолжување на соработката.

Сепак, во последен момент го промени својот став и реши да направи пауза од своите тренерски обврски. Хау триумфираше во Карабао купот во 2025 година, што беше прв трофеј за Њукасл по 70 години.

Њукасл брзо реагираше и на клупата најверојатно ќе се најде германскиот експерт Матиас Јајсл, актуелниот тренер на Ал Ахли од Саудиска Арабија.

Јајсл го водеше својот тим до две титули во азиската Лига на шампионите, а пред тоа беше предводник на австрискиот Салцбург, каде освои две шампионски титули и два купа.

Главниот сопственик на Њукасл, како и на Ал Ахли, е саудискиот инвестициски фонд (PIF), што сигурно ќе го олесни договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голем удар за Атлетико Мадрид – причината е Хулијан Алварез!

Диего Симеоне се соочи со нов голем проблем пред важниот натпревар што Атлетико Мадрид го …