Дома Фудбал Роналдо откри кого неговиот син обожава да го гледа и ги изненади фановите!

Роналдо откри кого неговиот син обожава да го гледа и ги изненади фановите!

Португалската суперѕвезда Кристијано Роналдо откри дека неговиот син Матео ги гледа видеата од Килијан Мбапе и му вели дека Французинот е подобар од него.

Тоа го сподели во едно интервју по што Роналдо му рече дека сепак има постигнато повеќе голови и го потсети дека Мбапе утнал пенал во една од натпреварите.

„Мојот син Матео гледа видеа на Јутуб од Мбапе, Белингем и Камавинга и ми вели дека Мбапе е подобар од мене. Јас му одговарам дека сепак сум постигнал повеќе голови и го потсетувам дека Мбапе утна пенал, а тој ми вели дека сум промашувал и јас”, рече Роналдо.

Потоа даде совет на Кралскиот клуб велејќи дека сјајниот Французин сепак не треба да игра на позицијата централен напаѓач.

„Не треба да игра како традиционален напаѓач”, кажа Роналдо, нагласувајќи дека на Мбапе треба да му се дозволи да го искористува просторот од левата страна каде што може да ја искористи својата брзина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Потврда: „Последниот танц“ на Лео Меси!

Лионел Меси последен пат ќе биде на списокот на националниот тим на Аргентина. Оваа вест д…