
Англискиот фудбалер Маркус Рашфорд денес ја потврди веста дека во следната сезона нема да игра за Барселона, откако официјално му истече позајмицата со каталонскиот клуб.
Да потсетиме, Рашфорд од Манчестер Јунајтед дојде во Барселона пред почетокот на тековната сезона како дел од едногодишен договор за позајмица, а денес се прости од навивачите на актуелните прваци на Шпанија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
“Изразувам голема благодарност до сите во клубот кои го направија мојот престој во Барселона позитивно и незаборавно искуство. Секој момент поминат овде ми беше драгоцен и ќе го понесам со себе како драгоцено сеќавање. Сакам да им се заблагодарам на сите во клубот, навивачите и да им посакам успех и среќа во претстојната сезона. Виска Барса”, изјави Рашфорд.
За време на минатата сезона, Рашфорд одигра вкупно 49 натпревари за Барселона и постигна 14 гола.
Посебно ќе се памети неговиот маестрален гол против Реал Мадрид од слободен удар во завршницата на сезоната, кога Барса го однесе натпреварот со 2:0 победа.