
Брегалница информираше дека имплементацијата на ВАР-системот на стадионот „Градски“ во Штип е во завршна фаза и дека инсталацијата се одвива според предвидената динамика.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Од штипскиот клуб соопштија дека паралелно работат и на подобрување на инфраструктурата околу стадионот, каде што се асфалтира просторот зад новата трибина, се уредува паркингот и пристапот за автобусите на гостинските екипи. Воедно, посочуваат дека тревникот е во одлична состојба и редовно се одржува според професионални стандарди.
Раководството на Брегалница испратило и барање до Фудбалската федерација на Македонија натпреварот од второто коло во Првата македонска фудбалска лига против Арсими да се игра во вечерен термин под рефлектори, а очекува одговор во наредните денови.
Во клубот најавуваат и засилувања, откривајќи дека неколку фудбалери моментално се на проба, а нивните евентуални потписи ќе бидат официјално објавени преку клупските канали.
Комплетниот брифинг од Брегалница прочитајте го – ТУКА.