Дома Останати Кошарка Трагедија: Во несреќа со џет-ски загина кошаркарски тренер

Трагедија: Во несреќа со џет-ски загина кошаркарски тренер

Тренерот на кошаркарскиот клуб Динамо од Владивосток, Едуард Сандлер, изгуби живот во трагична несреќа на море, известуваат руските медиуми.

На 28 јули, одделот за истраги во Приморскиот крај од Владивосток ја потврди оваа вест. Според првичните податоци од истрагата, несреќата се случила кога Сандлер управувајќи џет-ски изгубил контрола и удрил во каменестата крајбрежна линија.

Пловилото, под силен удар, завршило на оформената патека покрај обалата, при што возачот починал на лице место од здобиените повреди. По завршената истрага, официјално е соопштено дека починатиот е главниот тренер на кошаркарскиот клуб Динамо Владивосток, Едуард Сандлер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

На 19 години синот на Перо Антиќ почна тренерска кариера!

Синот на македонската кошаркарска легенда и поранешен репрезентативец Перо Антиќ, Лука Ант…