
Франко Мастантуоно тешко ќе добие голем број минути во дресот на Реал Мадрид и во тој клуб размислуваат за најдобрите опции кога е овој момче во прашање.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Најреално е позајмица и тоа ќе се случи, според сите показатели, прашање е само каде.
Се спомна потенцијално враќање во Ривер, но тоа беше отфрлено бидејќи во Мадрид сакаат Мастантуоно да игра во посилна лига, односно да остане во Европа.
Тој имаше и еден состанок со Мурињо каде му беше кажано дека најдобро за него би било да побара средина за една година каде ќе игра редовно и ќе биде еден од носителите на играта.
Каде би можел?
Во Италија има сериозен интерес од страна на Комо, Фиорентина, Рома, па дури и Милан, а од Англија има интерес од Фулам.