
Европската фудбалска куќа (УЕФА) размислува да Насер Ал Келафи биде противкандидат на Џани Инфантино за позицијата претседател на Меѓународната федерација на фудбалски асоцијации (ФИФА).
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Како што е познато, сегашниот претседател Џани Инфантино активно работи да го уништи Светското првенство, што беше видливо преку самиот турнир во изминатите недели, а потоа и по него кога се појави дека сака да го продаде на приватни инвеститори.
Ова предизвика голем број негативни коментари на сметка на италијанскиот работник, (не можеме да го наречеме спортски), па УЕФА планира да ја искористи ситуацијата и да се обиде да го промовира својот кандидат.
Станува збор за првиот човек на Пари Сен Жермен, Насер Ал Келафи, кој е на позицијата претседател на Европските фудбалски клубови од 2021 година.
Катарскиот бизнисмен раководи и со beIN медија групата и малку е да се каже дека заработил доволно за повеќе од удобен живот, па барем нему не му недостасува по некоја милијарда во џебот, за разлика од Инфантино.