
Како што информираат португалските медиуми, Кристијано Роналдо и долгогодишната партнерка Георгина Родригез овој викенд ќе стапат во брак.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Се очекува дека свечената церемонија ќе се одржи во сабота, на 1 август, во импресивниот имот Кинта да Регалеира во Синтра, Португалија.
И покрај тоа што познатиот пар досега не ги потврди ниту ги демантираше нивните планови, јавноста веќе расправува за можните детали од настанот. Блиски извори до двојката откриваат дека Георгина сака манифестацијата да биде интимна, наместо грандиозно шоу.
Но, листата на потенцијални гости сугерира дека сепак би можело да биде спектакуларен настан. Меѓу поканетите фигурират фудбалските звезди од Реал Мадрид како Килијан Мбапе, Винисиус Жуниор и Родриго, иако Роналдо никогаш не играл со нив во кралскиот клуб. Се уште не е познато дали ќе присуствуваат неговите соиграчи од актуелниот клуб, Ал Наср.
Освен фудбалската елита, на листата со гости се наоѓаат и многу познати имиња од шоубизнисот и спортот – како актерот Вин Дизел, новинарот Пирс Морган, музичарите Ријана, Џенифер Лопез, Дрејк и Тревис Скот, ММА легендата Хабиб Нурмагомедов, поранешниот соиграч Рио Фердинанд и популарната интернет сензација Спид.
Поврзаноста меѓу португалската ѕвезда и Георгина започна во 2016 година по случајна средба во продавница на Гучи во Мадрид, каде што Георгина работеше како продавачка. По десет години заеднички живот, дојде времето за венчавка.