Дома Македонски спорт Мак фудбал Дориев за дебито: Голот и асистенцијата би ги заменил за три бода

Дориев за дебито: Голот и асистенцијата би ги заменил за три бода

Шкендија ова лето се засили со Љупче Дориев кој пристигна од Академија Пандев како еден од најдобрите поединци во ПМФЛ.

Уште на дебито Дориев покажа дека ќе биде големо засилување за клубот од Тетово. Во изјава за клупскиот сајт Дориев го најави мечот од квалификаците во ЛЕ и истакна задоволство од неговото деби во кое постигна гол и запиша асистенција.

„Во европските натпревари не можеме да очекуваме лесни противници. Ние во првото коло ќе играме против Сумгаит, екипа која не е наивна. Тие се избориле за излез во Европа преку првенството на Азербејџан и тоа треба да се почитува. Сепак, јас верувам дека можеме да победиме и да одиме во следната фаза“.

За дебито против Шкупи кое заврши без победник 2:2.

„Задоволен сум од дебито. Меѓутоа голот и асистенцијата веднаш би ги заменил за трите бода. Бевме блиску до победата и ја заслуживме според играта и шансите. Мојот личен учинок ме мотивира и очекувам да играм уште подобро“, изјави Дориев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Ване Милков си поднесе оставка, Беласица ќе бара нов тренер

Ване Милков повеќе не е тренер на ФК Беласица. Милков од тренерската функција си поднел ос…