Дома Останати Кошарка НБА Дончиќ ги исполни критериумите за најголем договор во историјата на кошарката: Познато колку ќе заработува

Дончиќ ги исполни критериумите за најголем договор во историјата на кошарката: Познато колку ќе заработува

Лука Дончиќ вчера со 47 поени, 12 скока и седум асистенции ги предводеше Далас Маверикс до победа од 125:107 во Хјустон и 45-29, со што се проби на петтото место на Западот. Словенецот сезонава пропушти девет натпревари, па ова му беше 65. настап, со што ги исполни новите критериуми на НБА лигата за добивање поединечни награди.

Меѓу нив е и вклучување во една од првите три петорки сезонава, а сосема е сигурно дека во првата ќе биде избран Дончиќ. Сепак, било кој од нив ќе биде доволен за да ги исполни критериумите за потпишување на „супермакс“ договор во летото 2025 година. Тоа ќе биде најголемиот договор во историјата, а Дончиќ најверојатно ќе биде првиот кошаркар кој во една сезона ќе надмине заработка од 80 милиони долари.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Супермакс е договор што можат да го потпишат само играчи со минимум седум години искуство (затоа не може да го потпише веќе летово), кои исполниле одредени услови како избор на Ол-стар или Ол-НБА постава. Со новото вклучување во Ол-НБА Дончиќ ќе ги исполни и последните преостанати критериуми.

Супермакс нема фиксна сума, но вреди 35% од салари капот за одредена година, а според предвидувањата за 2025 година, тоа би значело дека Дончиќ би можел да потпише петгодишен договор од 346 милиони долари или 69,2 по сезона. . Но, бидејќи годишните исплати се зголемуваат лесно може да надмине 80 милиони во последната година.

Сопственик на најголемиот договор во НБА моментално е Џејлен Браун од Бостон Селтикс, кој минатата година потпиша супермакс од 304 милиони за пет години, но како што се зголемува селари капот секоја година, така се зголемува и максималната сума на договорот, па затоа Дончиќ ќе добие повеќе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…