Лука Дончиќ ја одигра убедливо најдобрата партија во дресот на Лејкерс, а тоа резултираше со победа на гостувањето кај еден од најдобрите тимови во лигата, Денвер.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Лејкерс ја прекинаа победничката низа на Нагетс од девет натпревари и славеа со 100-123. Дончиќ беше лидер на гостите од Лос Анџелес со 32 поени, 10 скока и седум асистенции.
Словенецот беше подржан од Леброн Џејмс со 25 поени, Остин Ривс имаше 23, а Руи Хачимура постигна 21 поен.
Резултати:
Чикаго – Феникс 117-121
Филаделфија – Бруклин 103-105
Денвер – ЛА Лејкерс 100-123
Јута – Хјустон 124-115
Портланд – Шарлот 141-88