Дома Фудбал Италија Доби суспензија поради обложување, но и нов договор од Јувентус

Доби суспензија поради обложување, но и нов договор од Јувентус

Младиот италијански фудбалер Николо Фаџоли беше во центарот на обложувачки скандал и неодамна доби суспензија од 7 месеци.

Клубот ќе му даде целосна поддршка на Фаџоли кој се соочи со тешки моменти поради неговата зависност од коцкање. „Старата дама“ имаше можност да му ја намали платата поради суспензијата, па и да го раскине договорот, но се случи спротивното.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Имено, Фаџоли денес стави потпис на нов договор и се обврза на верност со „старата дама“ до 2028 година.

Фаџоли е еден од најголемите италијански таленти, па Јувентус верува дека ќе биде важен дел од тимот во иднина.

„Јувентус со задоволство може да потврди дека го продолжи договорот со Николо Фаџоли до 30 јуни 2028 година“, стои во соопштението на клубот од Торино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Страшно: Фудбалски репрезентативец брутално убиен на сред улица, ранета и неговата сопруга!

Од Еквадор пристигна веста која го шокира целиот свет – познатиот фудбалер Марио Пин…