Дома Фудбал Италија Суспендиран е поради обложување, а Јувентус му дава нов договор и поголема плата

Суспендиран е поради обложување, а Јувентус му дава нов договор и поголема плата

Тимот на Јувентус постигнал договор за продолжување на соработката со Николо Фаџоли кој беше суспендиран на седум месеци поради обложување, пренесува „Скај Спорт Италија“.

Фаџоли (22) има договор со Јувентус до 2026 година, но двете страни се договориле за нова соработка до јуни 2028. Според сегашниот договор Фаџоли заработува 1.85 милион евра по сезона, а со новиот се најавува дека ќе има поголема плата.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Пред две недели Фаџоли призна дека се обложувал на фудбалски натпревари поради што доби суспензија од седум месеци, а ќе мора и пет месеци да посетува устанува за одвикнување од коцкање. Во текот на истрагата тој соработуваше со истражните органи, па затоа доби и помала казна.

Иако нема право да игра официјални натпревари, Фаџоли тренери со екипата. Вкупно дресот на Јувентус Фаџоли го носеше на 39 натпревари и постигна три гола.

Претходно денес италијанските медиуми објавија и дека Јувентус е блиску до продолжување на договорот со Душан Влаховиќ. (ТУКА).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Гатузо пред нов ангажман во тренерската кариера

Поранешниот италијански фудбалер и денес тренер, Џенаро Гатузо е пред нов ангажман во трен…