Дома Фудбал Италија Дерби на денот: Интер спрема пречек за „старата дама“

Дерби на денот: Интер спрема пречек за „старата дама“


Дерби викенд: Ел Класико, дерби на Италија и битка за Рим!↓↓↓



Денес има богата понуда за обложување, но фокусот секако ќе биде на големото дерби од Серија А помеѓу Интер и Јувентус.

Интер се наоѓа на второто место на табелата, но се бори за пласман во Топ 4 и потребни му се бодови, додека Јувентус ќе игра за престиж и ова за нив секогаш е најважен натпревар во сезоната.

Интер игра топло-ладно оваа сезона

Интер одамна испадна од траката за титулата, па сега му преостанува борба за палсман во Топ 4, што е од големо значење за тимот. Моментално се наоѓа на второто место на табелата, но конкуренцијата е голема, а предноста на Интер е само еден бод. Поради тоа „нероаѕурите“ имаат потреба од бодови, бидејќи само со еден пораз може да падне на 5-то место. Проблем за Интер е што во последно време игра лошо во Серија А и на последните три меча запиша два порази и тоа од Болоња и Специја. Меѓутоа, кога се дерби натпреварите во прашање тимот на Инзаги игра добро и во последните месеци запишаа победи против Наполи и Милан. Тимот успеа да се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампиони откако го елиминира Порто, па атмосферата во тимот е многу голема. Што се однесува до тимот Инзаги за овој меч нема да може да смета на Бастони и Госенс кои се надвор од тимот поради повреда.

Јувентус има „чудна“ сезона

Јувентус има многу „чудна“ сезона. Прво започна лошо и испадна од трката за врвот, но потоа направи серија од одлични резултати и се искачи до второто место на табелата. Потоа следуваше казна од 15 бода, па „старата дама“ падна на 10-то место на табелата. Тоа значеше дека тимот нема мотив и беше далеку од пласман во Топ 4, па потребни му беа неколку натпревари да се опорави од шокот. Главна цел на Јувентус е пласман во ЛШ за следната сезона, но во моментов е 10 бода оддалечен од 4-то место. Друга шанса ќе биде Лига Европа каде се пласира во четвртфиналето, а тренерот Алегри изјави дека целта е да се стигне до финалето. Сепак, се чини дека овој меч е клучен за „бјанконерите“, доколку успеат да победат на ова гостување значително ќе ги зголемат шансите за пласман во Топ 4. Тоа би било големо достигнување, па тимот на Алегри ќе направи се за да слави на овој меч. Имено, Јувентус е во одлична форма и победи на четири од последните пет меча, па сигурно има свои шанси на ова гостување. Што се однесува до тимот, Алегри нема да може да смета на Милик, Алекс Сандро, Бонучи и Погба, а под суспензија е и Моис Кин.

Очекување

Ова италијанско дерби е секогаш непредвидливо и често има изненадувања. Интер е домаќин, но Јувентус е во подобра форма, па се очекува голема борба и голови на двете страни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бурно било во Рим по дербито: Мурињо и Лотито влегле во дуел!

Дерби викенд: Ел Класико, дерби на Италија и битка за Рим!↓↓↓ Тензично беше вчера во римск…