Дома Фудбал Лига на шампиони Дембеле и Меси го решија дербито во Торино, Јунајтед го прегази Лајпциг ?

Дембеле и Меси го решија дербито во Торино, Јунајтед го прегази Лајпциг ?

Вечерва се одиграа нови натпревари од второто коло во Лигата на шампионите, а дербито се играше во Торино помеѓу Јувенутус и Барселона.

Барселона од самиот старт тргна офанзивно и создаде неколку сериозни прилики пред голот на Јувентус уште во првите минути. До гол Каталонците стигнаа во 14. минута и тоа преку Осман Дембеле. Веќе во следниот напад Јувентус ја затресе мрежата, но голот на Мората беше поништен поради офсајд позиција. До крајот на првото полувреме видовме уште еден поништен гол на Мората и Барселона замина на пауза со минимална предност.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На стартот од вториот дел видовме и трет поништен гол Мората поради исто така поради офсајд (сите три ситуации можете да ги видите тука). До крајот гледавме натпревар без премногу шанси, се играше повеќе на средината од теренот, а тоа и одговараше на Барселона. Јувентус остана и со играч помалку откако Демирал доби црвен картон. Во финишот од пенал Меси погоди за 2:0.

Манчестер Јунајтед во уште еден натпревар кој привлекуваше внимание со 4:0 беше сигурен против германски Лајпциг. Јунајтед преднсот стигна преку Гринвуд во 21. минута. Во второто полувреме Рашфорд постигна хет-трик, а еднаш стрелаше Марсијал за убедливи 5:0.

ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ:

Борусија – Зенит 2:0

Клуб Бриж – Лацио 1:1

Френцварош – Динамо Киев 2:2

Севиља – Рен 1:0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Араухо станува најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот?

Eкипата на Барселона наводно е подготвена да го продаде стоперот Роналд Араухо (25), објав…