Дома Фудбал Италија Дали е проблем за Јувентус што Џеко и Роналдо заедно ќе имаат 70 години?

Дали е проблем за Јувентус што Џеко и Роналдо заедно ќе имаат 70 години?

Италијанските медиуми денес многу внимание посветуват на потенцијалниот трансфер на Един Џеко во Јувентус.

На Апенините и денес главна тема е трансферот на Џеко во Јувентус, според информациите се чека само уште Милик кој денес не се појавил на тренингот на Наполи да премине на Рома и Џеко да го облече црно-белиот дрес (повеќе за ова тука).

Италијанскиот новинар Марко Сконкрети денес зборуваше за местото кое Џеко би требало да го има во Јувентус.

„Кристијано и Един ќе бидат првиот напаѓачки тандем што заедно ќе има 70 години. Дали е проблем тоа? Тоа е нешто што не беше реално пред неколу години. Денес сме во фаза на транзиција во која е јасно дека играчкиот век е продолжен и не знаеме на колку долго“.

„И ова не значи дека Јувентус ќе има многу стар тим. Тие го имаат најмладиот среден ред во Италија со МекКени, Бентакур и Кулушевски. Тука е Де Лихт со 20 години, Дибала има 27, Бернардески 26…Според мене квалитетот е многу поважен од годините, а Џеко е посебен центарфор. Не постигнува премногу голови, во последните 11 сезони само еднаш постигна повеќе од 20 додека три пати беше под 10. Меѓутоа тој е центарфор кој многу работи за тимот, денес таквите се ретки. Џеко е тип на Бензема и е идеален за Роналдо“, смета Сконкрети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Аматерска грешка на Кепа, Мане не простува🎥

Ливерпул во второто полувреме за само 10 минути го „реши“ Челзи и води со 2:0. Стрелец на …