Дома Фудбал Познат фудбалер го открива најголемото зло во Реал Мадрид

Познат фудбалер го открива најголемото зло во Реал Мадрид

Шпанскиот фудбалер Пабло Мафео е познат по постојаните конфликти со ѕвездата на Реал, Винисиус Жуниор. Нивните судири привлекуваа внимание, а 29-годишниот десен бек сега истакнува дека му пречи друга ѕвезда од кралскиот клуб бидејќи секогаш напаѓа од зад.

Пабло Мафео долги години наназад имал конфликти со Винисиус Жуниор. Имаше навистина жестоки судири, особено вербални, а не беше далеку ни од физички пресметки.

Изјавите во медиумите беа остри. Мафео свесно го провоцираше Бразилецот, а дури бараше и пресметка во рингот со него.

Сепак, сегашниот член на Валенсија јавно истакнува дека повеќе го сака Винисиус отколку Џуд Белингам. Англичанецот го смета за подмолен тип кој работи се’ зад грб.

“Повеќе ми се допаѓа Винисиус од Белингам,” рече Мафео и потоа објасни зошто.

“Со Винисиус гледаш кога е лут, но овој другиот секогаш напаѓа од зад. Ако веќе не ме сакаш, тоа е во ред, но дојди ми и кажи ми в лице. Ако се правиш господин, а потоа ме навредуваш зад грб, тогаш си лажен,” истакна Мафео.

Пабло Мафео, на Zona10: “Повеќе ми се допаѓа Винисиус од Белингам, бидејќи кај Винисиус гледаш кога е лут, но другиот напаѓа од зад. Ако не сум ти по мерак, супер, но дојди ми одпред. Ако се правиш господинче и потоа навредуваш од зад… тогаш си лажен.” pic.twitter.com/w04vdNlXkB— Albert Ortega (@AlbertOrtegaES1) February 19, 2025

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Проблеми во рајот: Ливерпул мора да избере меѓу сегашноста и иднината

Бразилскиот голман Алисон би можел да потпише нов договор со Ливерпул, но во тој случај Цр…