Aко му веруваме на познатиот италијански новинар Фабрицио Романо Јувентус наскоро ќе ја претстави новата „деветка“.
Според неговите информации се чека само уште Аркадиуш Милик да ги договори личните услови и да каже „да“ на Рома. Милик денес го напуштил тренингот на Наполи и јасно најави што се случува, односно даде знак дека преговорите се во завршна фаза. Иако вчера се појави шпекулација дека трансферот може да пропадне.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тоа ја отвара и вратата за трансферот на Џеко во Јувентус. Џеко личните услови со Јувентус ги договори од претходно и преговорите на Милик се единствена „кочница“. Многу брзо се очекува тоа да се реши.
Џеко засега е како единствена опција, Суарез отпадна, а на Пирло му се брза тоа го покажа со изјавата од пред неколку дена во која порача дека потребен му е напаѓач. Се шпекулираше за Ел Шарави и за Кин од Евертон, сепак тие се резервни опции ако со Џеко нешто тргне во погрешна насока.