
Тотенхем по првите пет кола од Премиер лигата нема ниту една победа и се наоѓа на дното на табелата. Против Астон Вила конечно ги постигнаа првите два лигашки гола во сезоната, но и тој натпревар го загубија со резултат 3:2.
Поради сето тоа, се појавија информации дека Де Зерби би можел да добие уште една опција во нападот, и тоа без плаќање оштета.
Во италијанските медиуми се појави приказна за Мауро Икарди, кој е слободен играч по заминувањето од Галатасарај во јули.
Аргентинецот зад себе има огромно искуство и дури 250 голови во 478 натпревари за Интер, Галатасарај, Пари Сен-Жермен и Сампдорија, па неговото доаѓање сигурно би било големо име за било кој клуб.
Сепак, според информациите на Football Insider, Тотенхем донесе одлука и нема намера да оди по Икарди.
Во клубот наводно сметаат дека 33-годишниот напаѓач во моментов не е реална опција, пред сè затоа што не би можеле да го регистрираат за Премиер лигата пред јануари.
Покрај тоа, проблем претставуваат и неговите големи примања, како и фактот дека никогаш не играл во англиското првенство.