Катарскиот клуб Ал-Сад испрати богата понуда за фудбалерот од средниот ред на Барселона, Илкај Гундоган.
Гундоган минатото лето пристигна во Барселона како слободен агент и одлично се вклопи во тимот, но може да го напушти клубот после само една година.
Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓
Гундоган во моментов нема дадено конечен одговор, но се поголеми се шансите да ја прифати понудата.
Тој има уште една година договор со Барселона, а катарскиот клуб му нуди богат 3-годишен договор.
Коментари