Фудбалерот од средниот ред, Илкај Гундоган и дефинитивно ќе ја напушти Барселона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според последните информации постигнат е конечен договор помеѓу Гундоган и Барселона за раскин на соработката и тој ќе си замине како слободен играч.
Гундоган не се вклопи најдобро во Барселона ниту минатата сезона иако беше стандарден првотимец. Пред мечот од првото коло против Валенсија, Гундоган побара трансфер.
Барселона се согласи да го раскине договорот и да го пушти како слободен играч, а главна причина за тоа се проблемите за регистрација на нови фудбалери. Со заминувањето на Гундоган ќе се ослободи простор за платата на Дани Олмо.