Дома Трансфер зона Готово: Де Јонг се договори со Манчестер Јунајтед

Готово: Де Јонг се договори со Манчестер Јунајтед

Новинарот на „Газета дело Спорт“, Николо Скира објави дека Френки де Јонг ги договорил личните услови со Манчестер Јунајтед и е блиску до трансфер на „Олд Трафорд“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според информациите, останува Барселона и англискиот клуб да ги договорат последните детали од трансферот, кој ќе изнесува 80 милиони евра.

Каталонците сакаат да се разделат со играчот од средниот ред бидејќи имаат финансиски проблеми и инсистираа Де Јонг да ја прифати понудата на „црвените ѓаволи“.

Иако Холанѓанецот синоќа уште еднаш изјави дека се чувствува одлично во Барселона, сепак прифати да се пресели на „Олд Трафорд“ и постигна договор со Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…