Дома Фудбал Италија Јувентус знаел и криел дека Ругани е заразен за да се одигра дербито со Интер!?

Јувентус знаел и криел дека Ругани е заразен за да се одигра дербито со Интер!?

Даниеле Ругани беше првиот фудбалер од Серија А кај кого беше потврден коронавирусот, а сега „Газета дело Спорт“ пишува за голем скандал поврзан со младиот фудбалер.

Според она што го објави „Газета“ Ругани бил тестиран на 8. март, денот кога играа Јувентус и Интер. Иако наводно резултатите во Јувентус ги добиле истиот ден премолчиле за да се одигра дербито против Интер. Во Јувентус сакале да го одиграат тој натпревар затоа што верувале во победа која на крајот и ја остварија. Таа победа беше причина Јувентус да се врати на првото место на табелата, па сега и да се прогласи прекин на првенството „старата дама“ би можела да ја добие титулата.

Aко овие информации се точни тогаш ова е голем скандал затоа што Ругани бил опасност да се заразат многу луѓе во тој натпревар. Ќе потсетиме во Јувентус позитивни на коронавирусот беа уште Матуиди и Дибала.

Луѓето од Јувентус на овие обвинувања одговорија со тврдење дека станува збор за голема лага и убедуваат дека резултатите пристигнале на 11. март, а клубот веднаш ја известил јавноста.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Гоче може и со десна: Гол на Пандев против Удинезе! (ВИДЕО)

Денес својот натпревар од Серија А го играат Удинезе и Џенова. Македонскиот капитен Горан …