Арсенал е блиску до реализација на трансферот на напаѓачот на Манчестер Сити, Габриел Жесус, пренесуваат медиумите на Островот.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Жесус ова лето сигурно го напушта Манчестер Сити, а Арсенал покажа најсилен интерес за Бразилецот. „Топџиите“ првично испратија понуда од 30 милони фунти која експресно беше одбиена.




Последните информации говорат дека Арсенал се согласил да плати 50 милиони фунти колку што бараат „граѓаните“.




Агентот на напаѓачот, Марсело Петинати пристигнал во Лондон и во моментов ги договара последните детали со Арсенал.




Тотенхем и Челзи исто така покажуваа интерес за Жесус, но Арсенал ја победи конкуренцијата и во наредните денови ќе го комплетира трансферот.