Во викендот кој следи фудбалерите на Шкупи ги чека натпревар против Вардар, а пред овој натпревар од тимот од Чаир изразија незадоволство за изборот на судиите.
На чаирчани не им се допадна тоа што Игор Стојчевски е назначен за главен судија, додека него ќе му помагаат Дејан Костадинов и Гоце Петрески.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Како клуб сме многу загрижени за ваквата одлука бидејќи Игор Стојчевски е не списокот на непосакувани судии за нашиот тим и за тоа од поодамна е известена Судиската комисија. Затоа јавно прашуваме зошто рпотив Вардар во еден важен натпревар повторно се појавува името на Игор Стојчевски“, стои помеѓу другото во соопштението.
Натпреварот помеѓу Вардар и Шкупи како и останатите средби од 14. коло во ПМФЛ се игра в сабота од 14:00 часот.