Дома Македонски спорт Мак фудбал ВМФЛ – Исток: Победа сака победа дома и се надева на кикс на Слога во Кочани!

ВМФЛ – Исток: Победа сака победа дома и се надева на кикс на Слога во Кочани!

Секако дека денешниот фокус на натпреварите во втората лига е ставен на дербито на западот каде што Силекс му гостува на Вардар, но секако дека интересни дуели се играат и на Истокот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лидерот Слога Виница сака да остане водечки и после ова коло во кое ќе гостува кај Осогово во Кочани.

Победа која е на втората позиција е фаворит дома против Кожув. Прилепчани се надеваат дека Осогово може да „откине“ бодови на Слога Виница па тие да го преземат врвот.

И Каменица Саса е тука со само три бода помалку од Победа и пет помалку од Слога Виница и затоа не очекуваат кикс против Локомотива на гостински терен. Во останатите два натпревари Беласица игра дома со Братство, а Кит Го гостува кај Детонит. Сите дуели се играат од 13:00 часот.

Слога Виница на врвот има 25 бода, Победа е втора со 23, Саса има 20, Беласица со 17 бода се надева на некаква серија и фаќање приклучок барем за второто место кое води во баражот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …