Дома Македонски спорт Мак фудбал ВМФЛ – Запад: Второлигашко дерби со прволигашки сјај – Силекс му гостува на Вардар!

ВМФЛ – Запад: Второлигашко дерби со прволигашки сјај – Силекс му гостува на Вардар!

Дерби се игра денес во Втората лига Запад. Големите ривали Вардар и Силекс ќе се сретнат на терените на ФФМ.

И двете екипи секако сакаат брзо враќање во првата лига, а до таа цел поблиску се кратовци. Силекс има девет победи и едно реми од почетокот на сезоната и се лидер на табелата со седум бода пред Воска. Вардар е трет со бод помалку од второпласираната Воска.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сигурно дека Силекс сака да остане непоразен и во денешното гостување од 13:00 часот сепак Вардар на чело со Никола Глигоров прикажујва добри настапи и е во серија победи. Силекс има 28 бода, Воска 21, Вардар 20 и полека станува јасно дека директниот патник и патникот во баражот за влез во ПМФЛ ќе се бара помеѓу овие три екипи.

Во останатите натпревари Воска му гостува на Кораби, Гостивар ја пречекува Велешта, Тетекс игра доба со Беса, Кадино оди на дуел на гости со Охрид. Сите натпревари се играат од 13:00 часот

Фото: ФК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

ПСЖ го сака Де Јонг, Барса ја одреди цената

Френки Де Јонг би можел да биде еден од играчите кои би можеле да ја наполнат касата на Ба…