Дома Фудбал (Видео) Тоска си постигна автогол, Роберто зголеми, Барса рутински до победа!

(Видео) Тоска си постигна автогол, Роберто зголеми, Барса рутински до победа!

Екипата на Барселона вечерва во натпреварот кој започна во 20:15 часот против Бетис запиша рутинска победа од 2:0.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Каталонците апсолутно заслужено стигнаа до победата, во текот на целиот натпревар тие покажаа доминација во сите делови на теренот.

Првиот погодок стигна во 36 минута кога Тоска ја погоди сопствената мрежа, а само три минути подоцна Серхио Роберто погоди за зголемување на водството.

Со голот на Роберто воедно натпреварот беше и затворен иако Барселона до крајот се обидуваше да стигне до зголемување на водството, Лионел Меси не се запиша во листата стрелци. Аргентинецот немаше среќа и на два пати ја погодуваше рамката од голот на гостите.

Во следното коло Барселона ја очекува натпревар против Алавес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мбапе кажа дали ќе остане во Реал Мадрид по жестоките критики

Килијан Мбапе стави крај на шпекулациите околу својата иднина во Реал Мадрид, откако јасно…