Дома Трансфер зона Вест Хем го потврди трансферот од 40 милиони евра

Вест Хем го потврди трансферот од 40 милиони евра

Досегашниот дефанзивец на француска Ница од денес и официјално е нов член на Вест Хем.

Во редовите на Вест Хем, Тодибо пристигнува како позајмен фудбалер, но „чеканите“ ќе имаат обврска да го откупат неговиот договор за 40 милиони евра.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Тодибо е и поранешен фудбалер на Барселона каде што пристигна како 20-годишник од Тулуз, но во Каталонија не успеа да ги исполни очекувањата. Беше испраќан на позајмици во Шалке и Бенфика, а вистински потег направи со доаѓањето во Ница во 2021 година.

Летово преговараше и со Јувентус, но на крајот Вест Хем побрзо реагираше и го доведе во Лондон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…